• вторник, 02 јули 2024

Олимпијакос ја освои Лигата на конференции, прв европски трофеј за грчкиот тим

Олимпијакос ја освои Лигата на конференции, прв европски трофеј за грчкиот тим

 

Атина, 30 мај 2024 (МИА) – Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во третото по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на конференции, откако вечерва во Атина ја совладаа Фиорентина со 1-0 по продолженија.

Големиот триумф на Олимпијакос во финалето одиграно на стадионот на градскиот ривал АЕК го донесе Ајуб Ел Каби во 116 минута.

Ова е прв европски трофеј во клупската историја на Олимпијакос.

Фиорентина, пак, загуби на пет од своите шест европски финалиња, вклучувајќи го и ланското финале во Лигата на конференции од Вест Хем со 2-1. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан