• петок, 02 август 2024

ОИ: Кинеската атлетичарка Јан златна во брзо одење на 20 км

ОИ: Кинеската атлетичарка Јан златна во брзо одење на 20 км

 

Париз, 1 август 2024 (МИА) – Кинеската атлетичарка Џиа Јан денеска го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Јан победи со време од еден час, 25 минути и 54 секунди.

Шпанката Марија Перез освои среброто со заостанување од 0,25 секунди.

Место на победничкиот пиедестал имаше и за Австралијката Џема Монтаг која ја освои бронзата со заостанување од 0,31 секунди зад новата олимписка шампионка од Кина. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан