• петок, 08 ноември 2024

ОИ: Иранецот Форуги најдобар во воздушен пиштол со олимписки рекорд, Бранковски 21.место

ОИ: Иранецот Форуги најдобар во воздушен пиштол со олимписки рекорд, Бранковски 21.место
Токио, 24 јули 2021 (МИА) – Иранскиот олимпиец во стрелаштво Џавад Форуги (41) се закити со златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол на Олимписките игри во Токио, во која македонскиот репрезентативец Борјан Бранковски го освои 21. место. Форуги до златниот медал дојде со 244.8 погодени кругови во финалната серија, поставувајќи нов олимписки рекорд Во истата дисциплината Дамир Микец и го донесе првото одличје на Србија завршувајќи како второпласиран со резултат од 237.9 погодени кругови, додека бронзениот медал го освои Кинезот Веи Панг (217.6). Македонскиот рекордер и повеќекратен државен првак Бранковски настапот на Игрите во Токио го заврши како 21. пласиран во квалификациите во конкуренција на 36 натпреварувачи. ег/паг/

Остани поврзан