• понеделник, 23 декември 2024

Озил ја спасува маскотата на Арсенал со голем гест

Озил ја спасува маскотата на Арсенал со голем гест
Лондон, 6 октомври 2020 (МИА) - Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил, овојпат ги освои навивачите на својот тим, откако понуди да ја плаќа платата на отпуштената маскота од Лондон. Вчера, приврзаниците на тимот беа разочарани од информацијата дека Џери Кај, кој 27 години го носеше костумот на славниот „Ганерсаурус“, беше меѓу 55 отпуштени лица од клупскиот персонал. Сепак, Озил ги презеде работите во свои раце и преку социјалните мрежи се понуди да ја исплати платата на маскотата, додека самиот Германец сè уште е фудбалер на „топџиите“. - Бев многу тажен кога дознав дека Џери Кај, познат како нашата позната и лојална маскота „Ганерсаурус“, беше отпуштен откако беше 27 години интегрален дел од нашиот клуб. Затоа, предлагам да му ја надоместам на Арсенал целата плата за нашето големо зелено момче се додека јас сум играч на Арсенал, напиша Озил.

Тагови

Остани поврзан