Од 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 270 за непрописно паркирање, 214 за брзо возење
- Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле констатирани 841 сообраќаен прекршок.

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле констатирани 841 сообраќаен прекршок.
Како што денеска соопштија од МВР, најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 270, потоа санкционирани се 214 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, како и 82 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал, а прекршочни пријави заработиле и шестмина пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 65 санкции, 28 мерки по основ на недозволено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и шестмина мотоциклисти заради неносење заштитна кацига. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила, како и осум технички неисправни возила.
МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/
Фото: МИА архива