• четврток, 29 август 2024

Од 2 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Од 2 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Општина Кисела Вода во рамки на активностите за заштита на животната средина од 02 октомври 2023 до 13 октомври 2023 година, ќе спроведе нова акција за бесплатно собирање на кабаст отпад на оваа територија.

Во рамки на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно бесплатно ќе го подигнуваат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

За да се искористи оваа бесплатна услуга, информираат од Општината, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 25.09.2023 до 29.09.2023.

- Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена, наведуваат од Општина Кисела Вода.

Упатуваат апел до сите граѓани да се приклучат на оваа акција. цр/ац/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан