• понеделник, 12 август 2024

Од утре Абас во тридневна посета на Москва

Од утре Абас во тридневна посета на Москва

Газа, 11 август 2024 (МИА) - Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска палестински дипломат.

„Претседателот ќе пристигне вечерта на 12 август. Во вторник се очекува средба со претседателот Путин. Ќе ја напушту Москва на 14 август, но ќе има средба со арапските амбасадори“, рече Абдел Хафиз Нофал, палестински амбасадор во Москва.

Според дипломатот, главен предмет на консултациите ќе биде ситуацијата во Газа.

„Ќе се разговара за улогата на Русија и за тоа што може да се направи. Ситуацијата овде е многу тешка, а Русија ни е блиска земја“, рече тој.

По посетата на Москва, Абас заминува во посета на Турција. зш/

Остани поврзан