• петок, 22 ноември 2024

Од први март јавниот превоз целосно бесплатен во Луксембург

Од први март јавниот превоз целосно бесплатен во Луксембург
Брисел, 26 февруари 2020 (МИА) – Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите. Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата. Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока. Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци. тм/

Остани поврзан