• понеделник, 23 декември 2024

Од денеска рестрикција во водоснабдувањето во Дебар

Од денеска рестрикција во водоснабдувањето во Дебар

Дебар, 31 јули 2023 (МИА) - Од денеска се воведува тричасовна  рестрикција во водоснабдувањето во Дебар, и тоа во периодот од 13 до 16 часот.

Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие "Стандард" кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, тоа поради нерационално користење на водата.

-  И покрај нашите апели за рационално користење на водата за пиење, корисниците продолжија со старата навика. Поради тоа се јави проблем во водоснабдувањето во повисоките делови на градот, па сме принудени да ја воведеме непопуларните мерка - рестрикција, рече Каба за МИА.

По три часа дневно вода нема да имаат корисниците од  населбите "Венец1", "Венец2", "Ќернаница", како и главната улица во градот "8-ми септември".

Во тој период, според Каба ќе се овозможи вода да добијат другите населби во повисокиот дел на градот а кои деновиве, поради намалениот притисок, немале вода со часови. вт/сст/


ФОТО: МИА

Остани поврзан