• недела, 21 јули 2024

Од вечерва промена на времето со дожд и снег, преодно стабилизирање в четврток

Од вечерва промена на времето со дожд и снег, преодно стабилизирање в четврток
Скопје, 25 јануари 2021 (МИА) - Од вечерва се најавува дестабилизација на времето со врнежи кои ќе бидат пообилни во западните делови од државата, каде се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ќе се зголеми, а поради силниот ветер можна и појава на снежни наноси. Врнежи ќе има и во текот на утрешниот ден кога во попладневните часови се очекува снег и на повеќето пониски места, но тие ќе слабеат по интензитет. Од утре попладне и в среда ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло опаѓање на температурите. Поради силниот ветер можна е повторно појава на снежни наноси. В среда на места се уште ќе провејува снег, а в четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето. бак/сп/

Тагови

Остани поврзан