• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
2 февруари 2020 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јануари. Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики. Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината? Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за храната. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Носење на Исус во Храмот. Господ преку Мојсие на својот народ му дал правило, 41-от ден по породувањето, свештениците да ја благословат родилката, т.е. мајката. Носењето на децата во храмот било секојдневен обред, но во случајот со Исус станувало збор за случка која во Стариот завет ја прорекол пророкот Малахиј: „И одненадеж ќе дојде во својот храм Господ кој го барате и анѓелот на Сојузот по кој мечтаете". Никој не помислувал дека тоа блескаво пророштво според надворешен облик, ќе биде така скромно испонето. Исус не го пречекале никакви свирки, никакви песни. Се поминало така тивко и незабележително. Тоа е стил на животот, стил на понизност и скромност.

Остани поврзан