• недела, 07 јули 2024

Од верските календари

Од верските календари
4 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 март. Денеска е Св. свештеномаченик Василиј Анкирски. Свети Василиј живееше во четвртиот век. Беше прочуен презвитер на Анкирската црква. За верата се бореше против Аријанците и поради тоа многу претрпе за време на римскиот цар Константин. Кога на престолот дојде царот Јулијан Отстапникот, Василиј отворено ја разобличуваше неговата нечеститост. Поради тоа, беше ставен на маки и во текот на неколку денови, мачителите му отсекуваа парчиња од кожата. Но, свети Василиј сето тоа мажествено го истрпи и ја предаде својата душа за Христа во 363 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Изидор. Бил роден во 560 година во Севилја, во Шпанија. Одлучл да му се посвети на свештеничкиот сталеж и станал бискуп во Севилја. Напишал многу книги и свикал неколку собори во Шпанија на кои биле донесени многу уредби. Свети Изидор умрел во 636 година. ###

Остани поврзан