ЕК: Патоказот за реформа на јавната администрација останува воведен бенчмарк за Кластерот „Темелни вредности“
- Како што соопштија денеска од Делегацијата на ЕУ, во однос на стратешката рамка за РЈА, Комисијата ја повтори важноста на Патоказот за РЈА, охрабрувајќи го неговото брзо финализирање и усвојување, како и усогласување со клучните извештаи и стратегии. -Ова останува воведен бенчмарк за Кластерот 1 на „Темелни вредности“. Понатаму ја истакна потребата од воспоставување цврсти механизми за следење и известување. Комисијата го поздрави најновото известување за имплементацијата на Стратегијата за реформи во јавната администрација, ја истакна важноста да се работи на прашањата за кoи се доцни и повика на навремено завршување на таквите извештаи. Исто така, беше истакната потребата од посилно политичко лидерство за да се обезбеди координирана имплементација, се наведува во соопштението.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.