Одржани поединечните младински првенства во шах
- Во Струмица во завршија поединечните младински првенства во шах во возрасни категории до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години.

Струмица, 22 јуни 2025 (МИА) - Во Струмица во завршија поединечните младински првенства во шах во возрасни категории до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години.
По неколку денови неизвесност познати се победниците по категории кои ќе ја претставуваат Македонија на наредните европски и светски поединечни првенства.
Првенството во категорија девојчиња до 18 години не се одржа затоа што имаше пријавено само една учесничка. Па така титулата и припадна на Моника Жежовска од ШК Алкаклоид, без игра.
По бројот на освоени титули, за прв пат по неколку години, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ и ШК Алкалоид се изедначени и имаат освоено по пет први места.
Во вкупниот број на освоени медали во младинските конкуренции и овој пат е Гамбит Ассеко СЕЕ со 5 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали.
Редоследот на најдобрите младински клубови по бројот на освоени медали:
ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје – 5 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали.
ШК Алкалоид, Скопје – 5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали.
ШК Цареви Кули, Струмица и ШК Куманово, Куманово со по 1 златна, и 1 бронзен медал
ШК Прилеп, Прилеп – 1 сребрен медал
ШК Стево Патако, Битола и ШК 13-ти Ноември, Битола со по еден бронзен медал.ег
ФОТО:ШФ;