• понеделник, 23 декември 2024

Одобрен составот на бугарскиот дел од заедничката Експертска комисија за проектирање на граничниот премин „Струмјани/Берово“

Одобрен составот на бугарскиот дел од заедничката Експертска комисија за проектирање на граничниот премин „Струмјани/Берово“
Софија, 2 март 2022 (БТА/МИА) - Владата на Бугарија донесе одлука со која се одобрува составот на бугарскиот дел на Мешовитата експертска комисија за проектирање на нов граничен премин „Струмјани/Берово“ меѓу општините Струмјани во бугарскиот округ Благоевград и Берово, соопшти бугарската владина Прес-служба. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Заедничката експертска комисија ќе има задача да ги разјасни главните технички карактеристики на патните врски, локацијата на трасата и местоположбата на новиот граничен премин, потребната инфраструктура, зградите, видовите на товар и патници, режимот на работа, правни и регулаторни прашања итн. Од бугарската страна во Комисијата се вклучени претставници на министерствата за регионален развој и јавни работи, за внатрешни работи, за надворешни работи и за транспорт и врски, потоа на агенциите за царина, за безбедност на храната, за патна инфраструктура и за геодезија, картографија и катастар, како и на обласната управа на Благоевград и на Општина Струмјани. Со одлуката на бугарската Влада, регионалниот управител на Благоевград е определен за договорен орган/корисник според приоритетната оска 4 „Техничка помош“ од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 година. Тој треба да ги изврши подготвителните активности, проектирањето и изградбата на новиот граничен пункт. вг/сп/ ___________________________________________________________________________  Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан