• петок, 04 октомври 2024

Одложен вонредниот состанок на ОПЕК + групата

Одложен вонредниот состанок на ОПЕК + групата
Дубаи, 4 април 2020 (МИА) - Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници нема да одржат вонреден виртуелен состанок во понеделник, и најверојатно ќе го одложи за 8 или 9 април. Како причина за одложувањето, извори од ОПЕК ја наведуваат потребата да им се даде на производителите на нафта повеќе време да преговараат за намалувањето на испораките. јт/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан