• понеделник, 16 декември 2024

Вучевиќ: Владата на Србија е со негативен став за законодавниот предлог на опозицијата за ископ на литиум

Вучевиќ: Владата на Србија е со негативен став за законодавниот предлог на опозицијата за ископ на литиум

Белград, 3 октомври 2024 (МИА) - Српскиот премиер Милош Вучевиќ вечерва изјави дека српската влада изразила негативен став за законодавниот предлог на опозицијата да се забрани ископувањето литиум и бор.

Тој за „Јуроњуз“ Србија (Евроњуз) изјави дека српската влада такво мислење испратила до српскиот Парламент, каде на 7 октомври е закажана седница за предлог-законот на опозицијата, пренесе Бета. Тој изрази подготвеност да присуствува на таа седница и да учествува во дискусијата, иако, како што рече, во текот на денот на 7 октомври ќе престојува во Северна Македонија.

Вучевиќ додаде дека смета дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ не треба да присуствува на таа седница бидејќи, како што наведе, тоа не бил предлог на оние кои побарале седница за литиум. зш/

Остани поврзан