• сабота, 21 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
22 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 април. Денеска е Велики Петок. Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Леонид. Ориген бил еден од најпознатите ученици и гениј на првата црква. Тој бил син на свети Леонид, кој загинал за време на римскиот цар Септимиј Север, во 204-тата година. Поради тоа што не сакал да се одрекне од верата во Христос, на Спасителот Леонид му била отсечена главата. Тој имал седум синови кои добро ги воспитувал. Најголемо внимание му посветил на најстариот син, Ориген потикнувајќи го на читање и проучување на Библијата. Кога Леонид поради верата го затвориле, Ориген му напишал писмо во кое барал од него да издржи и да остане во верата. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:29 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 54 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан