• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
28 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 ноември. Денеска е Св. маченици Гуриј, Самон и Авив. (Божикен пост) Гуриј и Самон беа угледни граѓани на Едеса. За време на едно гонење на христијаните, беа изведени пред суд и, бидејќи не сакаа да принесат жртва пред празните идоли, беа фрлени в затвор. Најпосле, им беа отсечени главите. Тоа се случи во 322 година. По некое време пострада и едескиот ѓакон Авив, кој беше фрлен во оган. Сепак, неговите мошти останаа цели, па мајка му ги погреба заедно со моштите на светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа црква во чест на овие тројца светители. Таму ги сместија и нивните мошти. Овие тројца светители се пројавија како големи чудотворци после нивната смрт. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Јаков, Маркијски свештеник. Бил познат како голем говорник - проповедник. Повеќе од половина век крстарел по патиштата во Европа, проповедувајќи насекаде за Исус Христос. Со голем успех проповедувал во Италија, Босна, Чешка и Полска. На проповедничката служба и останал верен до крајот на животот, во 1476 година, во Неапол. Му се молат народите во чии земји го проповедувал Евангелието. ###

Остани поврзан