Од верските календари
- 23 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 мај. Денеска е Св. апостол Симон Зилот.
23 мај 2022 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 мај.
Денеска е Св. апостол Симон Зилот.
Свети апостол Симон потекнувал од галилејскиот град Кана. Свадбата што ја опишува свети Јован во своето Евангелие е токму свадбата на овој подоцнежен апостол. Наречен е Зилот (што во превод значи ревнител), затоа што бил голем приврзаник на Христос и неговата вера. Еден е од 12-те апостоли. По слегувањето на Светиот Дух на празникот Педесетница тој проповедал за Христа во Египет, Етиопија, Либија, Мавританија и Британија, каде што пострадал маченички бил распнат на крст, во времето на римскиот император Трајан.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Иван Крстител де Роси.
Роден е на 22 февруари 1698 година во местото Волтаџо, во близина на италијанскиот град Џенова. Бил свештеник во Рим и го проповедал Христовото евангелие. Материјално и духовно се грижел за болните луѓе и за сиромашните. Римјаните се одушевувале поради неговата светост и издржливост при помагањето на сиромашните луѓе. Умрел на денешен ден во 1764 година.
###