• понеделник, 20 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
11 јуни 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 мај. Денеска е Преподобна маченичка Теодосија. Свети Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство. Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир. Теодосија пораснала, го засакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот. Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741). Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на ико¬ните, а најпосле и погубена во 730 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Барнаба. Апостолите Барнаба и Павле го ширеле верувањето во Исус Христос меѓу паганите. Апостол Барнаба се родил на островот Кипар. Во Делата Апостолски се вели дека Барнаба го продал својот имот и им го дал на апостолите за сиромашните луѓе. Во 13-тото поглавје во Делата Апостолски пишува како Духот Свет ги одбрал Барнаба и Павле да одат на мисионерско патување меѓу паганите. Своето проповедување, Барнаба го завршил маченички на островот Кипар.

Остани поврзан