• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
2 јануари 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 декември. Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше. Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Базилиј Велики и Гргур Назијански, бискупи и црквени учители. Базилиј бил роден во 330 година во кападочка Цезареја. Се посветил на пустинскиот живот. Поради големите способности во 370 година, станал бискуп во родниот град. Им помагал на сиромашните. Во таа смисла неговите зборови и денеска се силно опоменувачки: "Имаш два капута, едниот го носиш, а другиот е во шифоњер, тој во шифоњерот не е твој, тој му припаѓа на сиромавиот". Умрел во 379 година. ###

Остани поврзан