• среда, 08 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
11 ноември 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 октомври. Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св.мач. Кирил. Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината. Кога тогашниот градоначалник слушна за неа, испрати луѓе да му ја доведат. На судот, света Анастасија изјави дека е христијанка и беше ставена на маки. Додека ја измачуваа, таа два пати побара вода. Некој христијанин, по име Кирил, и пристапи и ја напои. Заради тоа му ја отсекоа главата. Најпосле, и света Анастасија ја изведоа надвор од градот и ја погубија, а Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Света Анастасија и свети Кирил пострадаа за Христа за време на Декиј (249-251). ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Мартин, бискуп на градот Тулуз во Франција. Роден е во Панонија, во 316 година, во паганско нехристијанско семејство. Бил офицер во римската војска, но и добар христијанин. Се одрекол од војничката служба и станал калуѓер. Бил избран за бискуп на градот Тулуз и успешно ја ширел христијанската вера и им помагал на сиромашните. ###

Остани поврзан