• недела, 02 јуни 2024

Од верските календари

Од верските календари
22 октомври 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев. Овој Јаков му беше брат на апостолот и евангелистот Матеј. Еден е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението. По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет. Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво. Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марија Салома. Таа била мајка на двајцата Исусови апостоли : Јаков Постариот и Иван. Евангелието споменува дека стоела под Исусовиот крст. Ја почитуваат особено во Палестина, Цариград, Белгија, Франција и Италија. Верниците и се молат во разни неприлики. ###

Остани поврзан