• недела, 21 јули 2024

Одбележан Светскиот ден на биолошката разновидност во Пехчево

Одбележан Светскиот ден на биолошката разновидност во Пехчево
Пехчево, 27 мај 2022 (МИА) - Во Пехчево одбележан Светскиот ден на биолошката разновидност. Активноста, како што информираа од Општината, се реализираше во соработка со деветолетката „Ванчо Китанов“. - Со едукативна и рекреативна акција заедно со наставниот кадар и учениците, Општина Пехчево го одбележа Светскиот ден за заштита на биолошката разновидност, во туристичко рекреативната населба „Равна Река“. За таа цел ученици и наставници од училиштето изработија куќарки за птици и хотели за инсекти кои беа поставени на однапред одредени локации, информираа од Општината. Поставените живеалишта, како што додадоа, имаат за цел да бидат погодно место за размножување и заштита на птици и инсекти на туристичко рекреативната населба „Равна Река“. - Во близина на живеалиштата се наоѓаат и познатите пехчевски водопади, кои воедно ќе претставуваат и туристичка атракција за деца кои ќе доаѓаат во посета, како и самите туристи, додадоа од Општината. Заради непогодните временски услови, настанот кој секоја година се одбележува на 22 мај, беше организиран во текот на денешниот ден. вс/мс/

Остани поврзан