• понеделник, 23 декември 2024

Одбележан Меѓународниот ден на аутизмот во училиштето „Наим Фрашери“ во Мала Речица

Одбележан Меѓународниот ден на аутизмот во училиштето „Наим Фрашери“ во Мала Речица

Тетово, 3 април 2023 (МИА) -  Под мотото „Јас сум меѓу вас, сличен, различен, рамноправен“, Здружението за подигање на психо-социјалната свест „Имаго плус“ со поддршка на Општина Тетово денеска организираше пригодна приредба по повод Меѓународниот ден на аутизмот во просториите на основото училиште „Наим Фрашери“, во Мала Речица. 

- Детството е најубавата станица на долгиот пат, но исто така е краток дел од животот. Тоа е пролет на душата најчовечко доживување на овој свет, на кој се сеќаваме со носталгија и сакаме да се вратиме таму повторно. Еден од важните проблеми во денешното општествo e расудуваме по тоа што им е поребно, а не по тоа како изгледаат луѓето. Ми се допаѓа да го замислам светот како една гигантска слка на која секој од нас ќе стави точка со различна боја, но ако ако некој не стави точка тогаш сликата нема да биде целосна, оштетена и неинтересна. Аутистичните деца се тие кои му даваат боја на детсвото, животот и на светот воопшто. Да не ги делиме овие деца, зошто и тие се деца од светот нека бидат вклучени, нека напредуваат, нека бидат дел од целиот свет, истакна во обраќањето Земрије Бела Весели, директорка на „Имаго плус“.

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, се обрати на присутните и им порача дека кога зборуваме за аутизмот не можеме да ги игнорираме тешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат луѓето секој ден. Во исто време треба да се сетиме дека тие се дел од нашето општество, имат исти права се добредојдени и се рамноправни со другите.

- Сите ние сме различни на некој начин. Никој од нас не е ист со некој друг тоа е она што не прави уникатни и посебни. Но, во исто време сите сме рамноправни и треба да ги третираме со почит и љубов без разлика на тоа какви посебн карактеристики  поседуваме. За да изградиме поправедно и рамноправно општество ние треба да почнеме со грижа и помош на тие што им е потребно. Да бидеме почустителни кон нивните потреби, да ги поттикнеме нивото вклучување во општеството, и да работиме на себе за да се промени наѓата перцепција за оваа категорија луѓе. На крајот аутизмот не треба да биде причина за поделби туку за инклузија и треба да се постигне почит и разбирање помеѓу луѓето. Да се сконцентрираме на тоа што не обединува а не на тое што не прави уникатни, и да се грижиме еден за друг,на рзлични начини но секогаш со љубов и почит, порача Касами.

Учениците од ОУ „Наим Фрашери“ подготовија интерпретација на бајка, изведба на делови од повеќе музички и драмски дела, читаа поезија и слично, се на тема аутизам. ас/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан