• недела, 22 декември 2024

ОДАС: Главно барање е кратење на материјалот за полагање државна матура

ОДАС: Главно барање е кратење на материјалот за полагање државна матура
Скопје, 17 март 2023 (МИА) -  Кратење на материјалот предвиден за полагање на државната матура поради онлајн наставата, дојавите за бомби, изгубената настава и дупките во знаењето било главното барање на претставници на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) на денешната средба во Министерството за образование и наука.
 
Како што соопштија од ОДАС, на средбата разговарале за проблемите и предизвиците со кои средношколците се соочуваа изминативе четири години, при што било издејствувано учениците да добијат банки со прашања за полагање на интерните предмети.
 
-Успеавме да издејствуваме училиштата да мораат оваа година да им достават на учениците банки со прашања за полагање на интерните предмети. Од друга страна, ни беше кажано дека материјалот е веќе скратен, но не добивме целосен увид во тоа колку и кој материјал е скратен. Тоа што го забележавме беше дека скратениот материјал по мајчин јазик (македонски) е речиси идентичен со тој од минатогодишната матура. Продолжуваме да го следиме процесот и да работиме на заложбата за подобро образование, и ќе информираме за сите следни чекори по извршување на разговори со средношколците, потенцираа од ОДАС. см/вг/

Остани поврзан