• сабота, 13 јули 2024

Објaвен трејлерот и музиката за филмот „Гласот на тишината“ на Илија Павлов

Објaвен трејлерот и музиката за филмот „Гласот на тишината“ на Илија Павлов

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Деновиве е објaвен трејлерот и музиката за македонскиот филм „Гласот на тишината“/ Rebirth: Voice of silence на Илија Павлов.

Станува збор за прв игран долгометражен филм на Павлов, за кој автор на музиката е полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.

Филмот имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.

Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други кина, за да може да биде достапен на поширока публика.

Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен „Емил, врти се“. вг/
 
 
Фото: Постер за филмот

Остани поврзан