Објавен повик за доделување финансиски средства за набавка на комбајни за жнеење на ориз
- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.
Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 14 ноември.
- Право на користење на средства имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз, наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. бак/
Фото: МИА архива