• понеделник, 23 декември 2024

Објавени „Песни за Скопје“ и „Есеи за Скопје“ од Христо Петрески

Објавени „Песни за Скопје“ и „Есеи за Скопје“ од Христо Петрески

Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Од печат излегоа две книги за Скопје, насловени „Песни за Скопје“ и „Есеи за Скопје“ со кои авторот Христо Петрески ја надополнува новата едиција со изданија посветени на Скопје.

„Песни за Скопје“ е во издание на Издавачката куќа „Феникс“. Станува збор за нов поетски избор, кој го Петрески, а се застапени вкупно 21 поет од земјава и странство. Меѓу нив се и Катица Ќулафкова и Милутин Ѓуричковиќ од Србија, Владо Јаневски од Австралија, Трајче Кацаров и Саво Костадиновски од Германија, Наталија Неделкова од Бугарија, Олга Панкина од Русија, Мито Спасевски, Емељ Туна, Атанас Чупоски и други.  

Додека пак, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност - ИНАКУ е објавена книгата „Есеи за Скопје“. Во неа се застапени 11 автори, меѓу кои Томислав Маријан Билосниќ од Хрватска, Славчо Ковилоски и Бранка Селаковиќ од Србија, Звонко Танески од Словачка, Васил Тоциновски, Огнен Неделковски и Ерол Туфан од Турција, Мимоза Рајл и други. 

Минатата година Петрески ја подготви и објави и книгата „Планета Скопје“, во која, исто така, беа застапени поголем број македонски прозаисти со свои раскази. ар/сп/

Остани поврзан