• недела, 07 јули 2024

Објавена книгата „Научно културни мостови со Грција“ на Вера Стојчевска Антиќ

Објавена книгата „Научно културни мостови со Грција“ на Вера Стојчевска Антиќ
Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) - Книгоиздателството „Култура“  ја објави книгата „Научно културни мостови со Грција“ од професорката Вера Стојчевска Антиќ. Професорката во 2015 година во Солун го промовирала делото со поетски и прозни дела посветени на Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум Охридски од современи македонски автори преведени на грчки јазик, со промотор академик Емил Тахиаос. Истата година, Стојчевска Антиќ била поканета од Универзитетот „Македонија“ во Солун и пред солунските студенти одржа предавање за богомилското движење на македонски јазик. За Блаже Конески таа говорела пред бројната публика и пред грчкиот поет Коста Валетас, кој го поставил Конески во рангот на најпознатите светски автори. бт/сп/

Остани поврзан