• недела, 07 јули 2024

Објавена книгата „Зад нас“ од Наташа Андреевска

Објавена книгата „Зад нас“ од Наташа Андреевска
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Зад нас“ - најново дело на главниот уредник на Македонското радио, Наташа Андреевска. Како што соопштија од издавачката куќа, книгата е збирка на колумни емитувани на Радио Скопје и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет. -Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме ЗАД НАС, се наведува во соопштението. Инаку, Наташа Андрееска во Македонското радио работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската професија. Слушателите ја препознаваат по нејзините авторски емисии „Интерзона“, „Боите на Македонија“, „Тука околу нас“, „Мислам значи постојам“. Автор е на книгите „Размисли” и „Тука околу нас”.бт/са/

Остани поврзан