• сабота, 23 ноември 2024

Објавена книгата „Животописи“ на Рате Савев

Објавена книгата „Животописи“ на Рате Савев

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - „Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Животописи“ на Рате Савев, кој содржи стотина песни и обемен поговор од проф. д-р Васил Дрвошанов.

-„Животописи“, поделена во два дела, со поднаслов „Од Овче Поле до Порече“, е крајно искрена и емотивна лирска автобиографија на авторот. Со исповеден, но повремено и со меланхоличен лирски тон, Рате Савев во стихови ја испишува својата животна приказна проследена во долг временски период – од раната младост до зрелата животна доба, зафаќајќи ги сите за него битни, блиски и неодминливи моменти од приватната и професионалната сфера. Книгата носи богат поетски исказ во мошне широк распон – од социјалниот, емотивниот и љубовниот, па до родољубивиот, поводниот, пригодниот или свечениот пристап во лирската елаборација на темите, велат од  „Македоника литера“.

Рате Савев (1951, с. Сопот, Св. Николе) е автор и на книгите: „Дедовите внучиња“ (поезија за деца, 2020), „Подземна тишина“ (поезија, 2020) и „Песна на песната“ (поезија, 2021). Речиси сиот работен век го поминал како професор по македонски јазик и литература. Живее во Македонски Брод. дма/сст/

Фото:  „Македоника литера“ 

Остани поврзан