• петок, 17 мај 2024

Обука и вежба „Trojan Footprint 24“ во државава од 16 јануари до 16 март годинава

Обука и вежба „Trojan Footprint 24“  во државава од 16 јануари до 16 март годинава

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Владата денеска усвоила Информација од Министертството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државава заради учество на обука и вежба „Trojan Footprint 24“, што ќе се реализира од 16 јануари до 16 март годинава. 

-Ќе учествуваат 40 припадници од специјалните сили на Вооружените сили на САД и 12 припадници на специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства. Специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија активно ќе учествуваат во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба со 55 припадници (учесници на активноста и реална логистика), најави владината прес-служба.

Локации за учеството на вежбата е предвидено да бидат АП „Криволак“, полигоните за обука и стрелиштата во гарнизонот Скопје и стрелиштето „Красте“ во гарнизонот Штип.

Обуката и вежбата „Trojan Footprint 24“ е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Република Северна Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година, согласно потребите за активно планирање, организирање, подготвување и реализирање заеднички обуки и вежби помеѓу сојузниците во НАТО. свс/лв/

Фото: МИА архива, Влада, 

Тагови

Остани поврзан