• недела, 06 октомври 2024

ОБСЕ ги осуди руските напади врз Украина

ОБСЕ ги осуди руските напади врз Украина

Виена, 8 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума ги осуди денешните напади на руските сили врз Украина, вклучително и Киев, нагласувајќи дека нападите врз болниците претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право, како и на човековите права. 

Длабоко сме згрозени од најновите ракетни напади извршени од Русија на 8 јули против Украина. Гаѓање на цивилна инфраструктура, особено на детската клиника Окматдит во Киев, која е тешко погодена, е особено грозен чин. Нападите врз болниците, кои служат како засолниште за најранливите, вклучително и децата, претставуваат очигледно кршење на меѓународното хуманитарно право и човековите права, се наведува во соопштението на ОБСЕ. 

Каума ја повика Русија веднаш да ги прекине нападите врз Украина и да се придржува до своите обврски според меѓународното право. Таа потсети дека намерното таргетирање на цивилната инфраструктура е осудено во Декларацијата од Букурешт, која минатата недела беше усвоена од Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Парламентарното собрание на ОБСЕ цврсто стои на страната на Украина и останува посветено на поддршката на својот народ во овие застрашувачки времиња, се додава во соопштението. ми/

фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан