• сабота, 29 јуни 2024

Облачно со слаб до умерен југозападен ветер

Облачно со слаб до умерен југозападен ветер
Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - Времето ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне 24 степени. Следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

Остани поврзан