• недела, 28 април 2024

Облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне

Облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне
Скопје, 6 ноември 2022 (МИА) - Времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), а во југоисточните делови е можна појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 14 степени. Од понеделник следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.

Остани поврзан