• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
13 мај 2021 (МИА) Народни песни за растенијата Кала шета у градина Кала шета у градина, у градина пот трендафил, на трендафил до три гнезда, у гнездата три пилишта: едното пое квечеру, другото пое до полунош, третото пое в савнало. Штото си пое кфечеру, това ми ја најмило, оти си вика: - Ај легнете! Штото си пое в полунош, и това ми ја помило, оти си вика: -Ај, спиете! Штото си пое в савнало, това ми е најмрзешно, оти си вика: - Ај, станете! Постаџи, црвен трендафил Постаџи, црвен трендафил, не ваќај поста широка, поста на дробни аргати. Мило црвено јаболко Мило црвено јаболко, та каде си ми играло, играчкум дома си дојде? -Играло су си играло, крај го бела Дунава, едно си чудо гледало, риба во море играло, со рбет вода цепеше, со криљата а плискаше, дури ме мене наплиска. Цут цутеше јаболкница Цут цутеше јаболкница, многу цути малу роди, малу роди три јаболка, три јаболка, три калинќи. Моме си ниша Моме си ниша, момче ја гледа. Викум викаше: -Кротко фрлајте, моето моме, дрво пупливо, место камливо, јаже јажливо, да не падне! В ред дрвјата две цафтат В ред дрвјата две цафтат едно цафти та заврзва, друго цафти не заврзва. Штото цафти та заврзва, това је јунакова маќа, штото цафти не заврзва, това је момина маќа. Зашто је чубричица мала -Чамбречице, дробна киско, леле, што си дорбна останала, дој, дој, леле? Дробна, дробна и малечка! -Море лудо, гиди младо, дој, дој, ме опитваш, ќе ти кажа, леле, поминае говендата, дој, дој, под нога ме подгазие, дој, дој, да су дробна и малечка, леле. Мома сее босилек за ергени Ој Јано, Јано, јагненце рано! Сејала Јана ран бел босилок. Дења го сее, ден на пладнина, ноште го вади, нош на полунош, сос месечина. Ем го вадеше, ем му пееше: Расни ми, расни, расни босилок, и ти да раснеш, и ја да расна, јас ќе се чина мома голема, ти да се чиниш гора зелена Кој ќе помине се да пладнува, Помина лудо, замина младо, на Јана вели: -Ој Јано, Јано, јагненце рано! Скини ми, Јано, ран бел босилок. Јана му вели: -Бре, барај лудо, лудо бре младо! Ако си лудо, лудо ергенче, постој, почекај, да ти набера китка босилок; ако си, лудо лудо женено, тегли си паќо, скрши си врато! Лудо и вели, -Ој Јано, Јано, јагненце рано, ни сам женено, ни сам ергенче, армасано сам, та невенчано. Од записите на Антон П. Стоилов. Антон П. Стоилов е еден од познајачните собирачи на македонски народни умотворби.Роден е во село лешко, Горноџумајско на 15 февруари 1869 година. Како дете на свештеник уште во детството стекнал љубов кон книгата. Основно образование завршил во Дупница, а средно на педагошкиот оддел на Солунската машка гимназија(1890). Завршил и словенска филологија на Вишото училиште (подоцна универзитет) во Софија.(1897) по завршувањето остварил повеќедецениска наставна дејност во повеќе места во Македонија и Одринско: Солун, Битола, Сер, Одрин итн. Бил уредник во Етнографскиот музеј во Софија и директор на истиот музеј. за време на учителствувањето во Макдонија запишувал народни умотворби од кои објавил две збиорки во 1894 и 1895 година, но поголем дел од записите остале во ракопис. Објавил и големброј трудови од областа на фолклорот, историјата,етнологијата, јазикот и сл. Починал на 9 август 1928 година. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан