Обичаи и верувања
- Свадбени обичаи од село Брусник, Битолско Родителите се оние кои ја избираат девојката за сопруга на својот син, меѓутоа имало случаи и момчето да ја произнесе својата желба. Но тоа секогаш
24 април 2021 (МИА)
Свадбени обичаи од село Брусник, Битолско
Родителите се оние кои ја избираат девојката за сопруга на својот син, меѓутоа имало случаи и момчето да ја произнесе својата желба. Но тоа секогаш го правел внимателно, преку некој друг, со напомена дека сепак родителите најдобро знаат што да прават.
Преку стројници или пријатели се пренесува пораката до семејството на девојката, а тоа доколку е аинтересирано дава сигнали дека е согласно, а ако не е, одоговлечува со одговорот или го одбива предлогот.
Дадената согласност покренува редица состаноци и договори на кои се пречистуваат датумите, вредноста на подароците, висината на отплатата (ако девојката се купува) итн.
Брусничката свадба била во недела и од тоа правило немало отстапување.
Пред свадбата во четвртокот, во домот на младоженецот девојки месат погачи од пченично брашно, кои биле наменети за кумот, стариот сват и за свадбата. Со карта вино и ракија и со две погачи се канеле кумот и стариот сват.
Во саботата се месе сваќата, погача без сол и месена со студена вода. Таа требало да има магична намена и се кршела на парчиња кога се поаѓало по невестата. Истовремено се плетел и венецот во кое учествувале и кумот и девојките. Чинот бил обреден и се пееле песни. Најпопуларна била оваа:
Виј се венче, виј се кивче!
Кој ќе киски кити?
-Селски мали моми!
-Убавио ме завијајте,
оти ќе одам туѓо село,
да не шега ми се бијат!
Пред поаѓањето по неведстата, во неделата наутро се бричел зетот. Тоа го правел кумот, односно деверот и со тоа симболично се означувал почетокот на преминувањето меѓу возрасните.
Со бајрак на чело, зетот ја поведувал поворката. Пред невестинската порта нив ги пречекувал таткото на невестата, а невестата скришум, преку сито од прозорецот, го набљудувала зетот и неговите роднини.
Додека сватовите се гоштеваат, сестрата или другачка на невестата го кани зетот, со кого за цело врерме се прават шеги. Донесениот венец, исплетен во домот на зетот, сега стариот сват го става на главата на невестата.
Сето тоа се следи со пригодни обредни песни.
До почетотот на 20 век односно до подигањето на храмот „Свети Спас“ сите венчавки се обавувале во единствената црква „Св. Димитрија“.
Со свирки и песни со невестата качена на коњ, по венчавањето сите се упатуваат во зетовскиот дом. Таму проролжува веселбата. За сето време околу невестата се наоѓа помалиот сват, девери или другари на зетот, кои ја чуваат и и помагаат. Тие претходно ќе и помогнат да слезе од коњот пред зетовската порта каде што ја очекува свекорот односно свекрвата. Пред да слезе во новиот дом на потпорната греда таа прави симболичен знак во вид на крст со подаденото масло и шеќер. Веднаш потоа внатре и се нуди столица на која седнува и во скутот и се става машко дете чие значење е уште во првата година од бракот да добие машко дете.
Додека другите јадат и се веселат невестата гувее (молчи и дреме) стоејќи простум. При бакнувањето рака, кое се случува во време на ручекот неа ја даруваат сите. Најголемиот дар потекнува од кумот и стариот сват.
На дадениот знак вечерта, младите се повлекуваат во претходно подготвената соба. На обајцата од постари блиски роднини, поединечно им се даваат упатства за однесувањето во брачната постела.
Веста дека невестата е чесна, по проверка на чаршавот од стариорт сват и неговата жена како и од свекрвата се објавува со пушка. Веднаш потоа се вари слатка (блага) ракија и таа им се нуди на сите што ќе дојдат во домот. Радосната вест се испраќа и на родителите на невестата, со јаболко украсено со жолтица. Доколку невестата била нечесна тогаш таа во некои случаи качена на коњ или магаре, со лицето кон задникот и со опашката во рацете, им се враќала на родителите.
Овој груб обичај подоцна се изменил, а непријатната вест на нејзините родители им се соопштувала, исто така со иапраќање јаболко, но сега со лута пиперка украсена. Случајот се настојувал да се заборави и забошути, макар што раскараните јатрви во караниците ќе го истакнеле.
Од книгата „Брусник“ од Александар Стерјовски, Брусник 1992. (Подготви Марко Китевски)