• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
2 јуни 2021 (МИА)  Верувања и суеверија Сениште во пуста воденица До селото Забрчани (Прилепцко) има едни пусти воденици колку еден саат од селото надвор, до пато селцки. Таа воденица мелеше од реката Глугурка. Во таа воденица имаше едно пусто страшно сениште што заплашуало секого што да поминел ноќе крај неа. Не само ноќе се плашеа луѓето, ами и дење коа ќе поминел чоек, тики и ќе се плаши и ќе се стрелоуши, гледајќи во воденицата. На многу места имаше тоа време сеништа, како по селата така и во Прилеп по маалата, по џамии и друзи места, арно ама најстарашното сениште било во забрчанцката воденица. Страв и трепет било во тие села што биле околу Забрчани, како: селата Небрегоо, Дупјачани, Долнени, Големо Коњари и друзи. Секој селанец се бојал да помини пред воденицата ноќно време, чунки ќе му се јавело сеништето: ја на најголем биол, со најголеми рогои и страшни очи, ја на вол и тој таков страшен, ја на најголема мечка, ја на вол што да му чкропоти со забите и огон да вади и да вие што го грло течи, ја на најстрашен Арап, на парталаа Еѓупка, со косите растурени, долзи да дури доземи, да му се притресуа и да му поттрчуа. Еди па слушале еден страшен глас, кога као магаре, кога као од некое најазт’н магаре. Едни слушале глас од некој голем мачор, друзи слушале глас од плачење и пиштење, како коа да и колат некој некогоси. Со еден збор, колку дни има во годината, толку турлии се препраало сеништето од таа пуста воденица. Од горните села и од друзи, коа ќе му дојдело нужда да оди на пазар, али на друго место, некој селанец и ако му је пато за тамо да помини, не врвел покрај воденицата, да нешто налепи и пати, али ќе заобиѓал прекутрупа, само да не види некој страоји. Дури не знаеле селаните и не беа го виделе тоа проклето сениште, си врвеле покрај воденицата, и секој што виде и раскажа на друзи пријатели и от коа се уверија као што кажав погоре, ватија да се плашат и да врват ноќе покрај пустата воденица. Во Забрчани имаше едно Турче, Арнаутче од Деб’р, чифлик и го пуштал момоко негде ноќе да оди, а пак момоко му кажал за сеништето што било во воденицата, тој не му веруал, ами го пуштал насила да оди ноќе. Виде-невиде селанецо, јавна коњо и отиде кај што го праќаше агата. Одејќи селанецо, не поминал покрај воденицата, ама идејќи, покрај воденицата поминал и од страв да не му излези сеништето, го боднал коњо и туку застанал коњо на пато; бре, удри со нозе по слабина, да бега, бре удри со огламнико, како со камшик коњо само рипал и опињал да бега. Арно ама, као да го држел некој за опашка, не можел коњо да бега. Коа се опулил селанецо назад да види што го трга коњо и ти ја видел Еѓупката кај го држи коњо за опашка и не го пушта. Коа видел селенецот партаалата Еѓупка, не је се уплашил и изваил стапо од под газ, та го исповртел да а удри, арно ама сениште ич можи да го удри, парчиња станал стапо и тогај беше се откачил коњо од рацете на сеништето и трештил на бегање и си дошол селнецо дома, со полојна душа. Слегол од коњо, коа го виде коњо, тој жива вода беше се сторил, од секое влакно и вода текло. Бришејќи газо, глеат опашката искорната, као некоја изработена фарашка метла. Тропнал на вратата од кулата и му отворил агата, и му кажал за сета работа што пати од сеништето. - Тјуф, бре корказан каурин, шерика ако ти шумни тебе, ти мечка ќе го сторуаш, вет’р ако дувни, ти сениште ќе го сториш. Каурин дилми, тој и од сенката му је страв. - Џан’м ако не ме веруаш, ага, да ти го донесам коњо да го видиш опашката скината од сеништето што го вати коњо за опашка и дури не му ја скина, не го пушти. - Ја донесуај го коњо да го видам, бре коркач баздриѓан, како му го скинуале опашката? Отрчал момоко и му го донесол коњо да го види. Коа го виде коњо без опашка, се почуди Арнаутчето, арно ама па не веруало и му се повалило на момоко да го тепа: - Ти си му кинуал, бре свињо, опашката на коњо – му рекол – пули вамо, ја дури вечер ќе одуам тамо и ќе влезуам во воденицата; ако видуа нешто, арен, ама ако не видам, тебе ќе ти кинуам глаата, жими една вера, за опашката на коњо што си му ја кинуал. Откоа даде беса-бес Арнаутчето, другата вечер се обружало и на права полноќ беше отишло при воденицата да види, за вистина има сениште, или туку од страв момоко и друзите селани се плашат. Одејќи до воденицата, и туку му се препречило на пато едно страшно волиште, со едни рогои колку по еден сажен навртени; прао во него као коа да сакал да го крени на рогои; коа беше му рикнал кој знај кај се слушал силно глас од волиштето. За да се кажи јунак, тргнал со пиштолите на волиштето и двата пиштоли беа му се скршиле на парчиња, само кундаците беа му останале в раце и му се пуштил воло да го надени на рогои. Фурнал коњо назад, фрр сторил и трештил да бега, та не му се вдаде по пат ами низ реката Глигурка ти бегал и од коњ ти беше паднал, беше се кашкал, кашкал, дури рекол доста, да бери ум и да веруа тоа што му кажуале селаните. Утрото беше го викнал момоко на кула и беше го честил со каве и го поверуал оти вистина имало тамо сениште, као што кажуал момоко и сите друзи селани. - Ете сега дури го веруам, море каурче – му рекло дебранчето – зере имало т’л’с’м, во тој пусто воденица, чунки го видуав како што кажавте вие. Емен јас го видуав еден големо вол и се пуштуа на мене, да ме дигнуа на рогови, јас врлуав со пиштолите, емен се кршија пиштолите, после бегуав низ реката и тој трчаше по мене и јас паднуав во реката; сакуав да вадам ножо да го колуам, арно ама, ој т’л’с’мо бегуа во синоро од воденицата. Ама нејсе, сега го заверуав. Кое од селаните што кажуале, кое од дебранчето – и денеска се страшат од таа пуста воденица селаните. Од записите на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан