Обилниот снег откажа околу 130 летови од минхенскиот аеродром
- -Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјави портпаролот на аеродромот.
![Обилниот снег откажа околу 130 летови од минхенскиот аеродром](https://new.mia.mk/images/20231201171024_big_730x400_80.webp )
Минхен, 1 декември 2023 (МИА) - Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен денеска предизвикаа долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА.
-Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјави портпаролот на аеродромот.
Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно на чистење на секоја писта од снег.
Патниците беа повикани да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат за какви било откажани или одложени летови. сд/
фото:ЕПА