• петок, 22 ноември 2024

Обама со критики до федералната Влада во однос на коронавирус епидемијата во САД

Обама со критики до федералната Влада во однос на коронавирус епидемијата во САД

Вашингтон, 23 април 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го искритикува сегашното раководство на државата, на чело со Доналд Трамп, поради спорите реакции во однос на мерките за борба против ширењето на коронавирусот и немање на „национален план“.

Дел од забелешките на Обама, кој досега беше многу тивок во однос на пандемијата, се дека сдминистрацијата не разработила кохерентен „национален план“ за борба со пандемијата.

Како што истакна Обама во својата Твитер порака, сојузните држави се оставени сами на себе да креираат ефективни методи за борба со коронавирусот.

Тој го истакна позитивниот пример со Масачусетс, каде државата презема свои сопствени планови на јавно здравство „додека сеуште има време“ за тоа, за успешно да се справи со пандемијата. кб/

Тагови

Остани поврзан