• среда, 17 јули 2024

„НЦИС: Хаваи“ во подготовка

„НЦИС: Хаваи“ во подготовка
Лос Анџелес, 17 февруари 2021 (МИА) - Продолжение на ТВ-серијата „НЦИС“, со содржина сместена не во Вашингтон, туку на Хаваи, е во подготовка. Се работи за тнр. „одгранок“ продолжение, со нови ликови и нова приказна. Првата „НЦИС“ серија на продукциската куќа „Си-би-ес“ се прикажува од 2003 година, а сега се прикажува 18-та сезона. Имаше и продолженија, како посебни серии со приказни сместени во Лос Анџелес и Њу Орлеанс. Други одграноци на приказната, како што е „НЦИС: Црвено“, со приказна околу морнаричка антитерористичка единица, не беа толку успешни. Новиот ТВ-проект е во претпродукција.  си/сд/

Остани поврзан