• среда, 20 ноември 2024

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово доби 4, 6 милиони денари за реализација на годишна програма

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово доби 4, 6 милиони денари за реализација на годишна програма

Куманово, 21 февруари 2024 (МИА) - НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово годинава ќе реализира четири претстави, по две на македонски и албански јазик. Министерството за култура одобри средства и за реализација на фестивалот за проза, финансии се одвоени за ликовна дејност, изложби, концерти, фолклор, информираа денеска надлежните од установата.

Подготовките за првите претстави ќе почнат идниот месец, наредната претстава на албански јазик ќе почне со подготовка во мај, а последната на македонски јазик во август годинава.

- Согласно годишната програма на Министерството за култура како Центар за култура и театар Куманово добивме четири милиони и 600.000 денари за реализација на програмата. Задоволни сме од добиената сума. Околу 80 проценти од аплицираните проекти се одобрени, така што се надевам дека годинава ќе имаме богата програма и во Центарот и театарот, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Министерството одобрило 500.000 денари за фестивалот за проза, кој се реализира по трет пат. Во НУЦК ќе се реализираат и други настани од други корисници, предвидено е да се спроведат над 60-тина настани. Дел од финансиите ќе одат за набавка, а светлосна опрема за Центарот за култура.

Инаку, претходно, беа одобрени целосни финансиски средства за реконструкција на кумановскиот театар. Театарот ќе продолжи да се реконструира во наредните три години, за тековната одвоени се десет милиони денари, 60 за наредната 2025 и над 83 милиони денари за 2026-та година.

Вкупно за трите години одвоени се 2.494.710 евра. Оваа година има десет милиони денари, тие ќе се употребат согласно насоките на проектантот. ам/дма/


Фото: МИА архива

Остани поврзан