• понеделник, 23 декември 2024

Нојер: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн

Нојер: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн
Минхен, 19 април 2020 (МИА) - Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер отворено го изрази незадоволството од раководството на клубот околу преговорите меѓу двете страни за новиот договор. Актуелниот на 34-годишниот Нојер истекува за една година и тој е во преговори за нов договор, но на почетокот од оваа недела во печатот се појавија детали за разговорите, што го налутија германскиот репрезентативец. - Откако сум во Баерн, сите разговори беа доверливи. Ништо досега не излезе на виделина во медиумите. Но, сега деталите за тековните разговори постојано се појавуваат во печатот и честопати се неточни. Ова ме вознемирува. Не е нешто на што навикнав во Баерн, прооментира Нојер. Според најновите информации, голманот бара плата од 20 милиони евра по сезона и договор кој трае до 2025 година, додека Баварците се подготвени да му понудат договор до летото 2023 година. Доколку преговорите не успеат, можно е Нојер да ја напушти „Алијанц Арената“ по скоро десет години и повеќе од 370 натпревари за Баварците, но желбата на голманот е да продолжи да игра за Баерн. - Сакам да потпишам нов договор, што ќе биде добитна ситуација и за мене и за клубот. Сакам да се претставувам на високо ниво и да му помогнам на тимот. Сакам да дадам 100 проценти од себе. Но, условите за тоа мора да бидат соодветни, рече Нојер. Од следната сезона, конкуренција на Нојер ќе му биде 23-годишниот голман на Шалке, Александар Нубел, за кој се вели дека има клаузула да игра најмалку десет натпревари сезонава за Баварците. Сепак, според Нојер, ова не може да биде вистина. - Се додека настапувам на ниво, ќе играм. Тоа е моето разбирање на работите, заклучи тој.

Тагови

Остани поврзан