• недела, 22 декември 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка - Деве Баир

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка - Деве Баир

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Од 17:40 часот денеска е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир, соопштија од АМСМ. 

Претходно поради случена сообраќајна незгода од 15:35 часот во прекин беше сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка - Деве Баир.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија од ЈП Македонија пат.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, се наведува во соопштението од ЈП Македонија пат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан