• среда, 26 јуни 2024

Норис: Верувам дека по неколку години Мекларен ќе може да освојува титули

Норис: Верувам дека по неколку години Мекларен ќе може да освојува титули
Лондон, 14 февруари 2022 (МИА) - Пилотот Мекларен, Ландо Норис објасни зошто одлучил да остане во тимот до крајот на 2025 година. Во Формула 1 за прв пат еден тим ќе плаќа 27 милиони долари годишно на возач без победа.   Целта на Мекларен е Мерцедес или Ред Бул да не го „украдат“ нивниот возач.  - Сакам да победувам со Мекларен. Ако сакате само да победувате во моментов, тогаш веројатно нема да го изберете Мекларен, искрено. Но, верувам дека во наредните години ќе има многу повеќе можности и дека почесто ќе се бориме со Мерцедес, како и со Ферари и Ред Бул. Последниве години не можеме да бидеме во чекор со нив поради пари и слично. Верувам дека Мекларен ќе може да победува на трки и да освојува титули за неколку години. Затоа, среќен сум што останувам со тимот додека тоа не се случи, изјави Норис.  Тој го сподели своето мислење за тоа како Мекларен напредувал во последните сезони.  - Атмосферата во тимот стана многу помодерна, луѓето добиваат поголемо задоволство од работата, подобро се мотивирани. Многу сум среќен во тимот. Мотивацијата е на високо ниво, тимот работи напорно, ги разбираме нашите цели и аспирации за следните три до четири години. Се разбира, тоа влијаеше и на одлуката да останам, потенцира Ландо Норис. зс/

Остани поврзан