• недела, 22 декември 2024

Норвешка треба да одржува блиска соработка со ЕУ, препорачува комисија назначена од Владата во Осло

Норвешка треба да одржува блиска соработка со ЕУ, препорачува комисија назначена од Владата во Осло

Осло, 11 април 2024 (МИА) - Норвешка, која двапати го откажа членството во Европската унија, треба да одржува блиска соработка со блокот и да го забрза усвојувањето на европските правила и прописи, според препораките на комисијата назначена од норвешката Влада.

Граѓаните на скандинавската страна се изјаснија дека не сакаат да влезат во ЕУ на два референдуми, одржани во 1972 и 1994 година. И покрај тоа, Норвешка, заедно со Исланд и Лихтенштајн, учествува на заедничкиот европски пазар врз основа на Договорот за Европската економска област (ЕИП).

Во препораките на норвешката владина комисија се посочува дека овој договор и обезбедува на земјата „пошироки, подлабоки и попредвидливи“ односи со ЕК отколку што имаат Швајцарија, Велика Британија и Канада.

„Прегледот покажа дека договорите на ЕК со Швајцарија, Велика Британија и Канада опфаќаат помалку области и обезбедуваат поограничен пристап на пазарот од Договорот за за Европската економска област“, соопшти Комисијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан