• недела, 22 декември 2024

Норвешка тенковите за Украина ќе ги испорача до крајот на март, според министерот за одбрана во Осло

Норвешка тенковите за Украина ќе ги испорача до крајот на март, според министерот за одбрана во Осло

Осло, 30 јануари 2023 (МИА) - Норвешка има намера да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина „што е можно поскоро“, изјави денеска министерот за одбрана, Бјорн Арилд Грам, додавајќи дека испораката би можела да биде на крајот на март.

Осло минатата недела соопшти за намера да достави на Украина одреден број тенкови „Леопард 2“, од 36-те колку што ги има норвешката армија.

„Се уште не го утврдивме бројот“ што ќе биде испратен во Украина, рече Арилд Грам, додавајќи дека е важно испораката да биде координирана со другите земји, бидејќи Норвешка сака тоа да биде донација.

Според него, Норвешка сака испораката да биде што поскоро, истакнувајќи дека тоа би можело да биде на крајот на март, за кога својата испорака ја најави и Германија. аб/

 

Остани поврзан