• петок, 13 септември 2024

Норвешка ги засилува мерките за заштита на своите енергетски ресурси од можни руски напади

Норвешка ги засилува мерките за заштита на своите енергетски ресурси од можни руски напади

Осло, 11 септември 2024 (МИА) - Шефот на норвешката надворешна разузнавачка служба смета дека е веројатно Русија да се обиде да саботира енергетска инфраструктура на Норвешка, како нафтоводи и гасоводи, поради растечката конфронтација меѓу Москва и Западот.

„Ризикот е зголемен,“ изјави вицеадмиралот Нилс Андреас Стенсоенес. Според него, Русија станала похрабра во обидите да се спротивстави на западната поддршка за Украина.

Русија ги отфрла ваквите тврдења како „неосновани“, а руската амбасада во Осло наведе дека изјавите се „измислени“ за да се оправда конфронтацијата со Москва. ссм/

фото: архива

Остани поврзан